

О.О на СДСМ од Кавадарци на сите вработени во против пожарната единица во Кавадарци им го честита денешиот празник 20- мај Денот на пожарникарството.
Истовремено им се заблагодаруваме на нивната пожртвуваноста и посветеноста во вршењето на оваа благородна работа.
Постојат разни професии и секоја од нив носи свои одговорности, предизвици, тежини.
Меѓутоа ретко која ги краси карактеристиките на хуманоста, поривот да се помогне и целосната себепожртвуваност.
Наспроти сериозните предизвици, стојат пожарникарите со нивниот ангажман, подготвеност и пожртвуваност за заштита не само на материјалните добра, туку и на човечките животи.
За тоа сме ви неизмерно благодарни.
Со Почит,
Општинска Организација СДСМ Кавадарци