

На изборна конференција која се одржа попладнево во просториите на ОО СДСМ Кавадарци беше избран нов Извршен и Надзорен Одбор на СДСМ Кавадарци. На конференцијата беа присутни 69 од вкупно 76 делегати со право на глас.
Како и во цела Македонија, така и во Кавадарци, се направија промени во раководните структури на партијата во насока кон поефикасно и поотворено работење на партијата. Така, во новиот Извршен одбор, кој беше предложен од страна на претседателот Горан Тодоров, а кој беше изгласан на конференцијата, има над 80% нови луѓе, споредено со претходниот состав.
За членови на новиот Извршен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци беа избрани:
- Горан Тодоров – дипломиран инжинер по индустриска логистика
- Елена Данева – дипломиран економист
- Марија Трајкова – професор по македонски јазик
- Милица Андова – магистер по економски науки
- Николина Бебеџакова – инженер по информатика
- Роска Коцева Андоновска – дипломиран политиколог
- Надица Василева – магистер по психолошки науки
- Марија Маркова – акушерка
- Грозданка Стојанова – средна стручна спрема
- д-р Диме Коцев – хирург уролог
- Александар Димитријоски – инженер за земјоделски науки и храна
- Бранко Колев – адвокат
- Вуко Мелов – дипломиран економист
- Влатко Митровски – апсолвент на економски факултет
- Драган Јовановски – дипломиран економист
- Кирил Тасев – магистер по електроенергетика
- Данчо Јосифов – средна стручна спрема
- Митрев Ристе – машински инженер
- Стојан Јанкулов – средна стручна спрема
Конференцијата исто така гласаше и за избор на 5 члена на Надзорен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци. За членови на Надзорниот Одбор беа избрани:
- Цветанка Баштованова – дипломиран правник
- Цветанка Јосифова – дипломиран економист
- Ќиро Јосифов – дипломиран економист
- Александар Манев – средна стручна спрема
- Влатко Богев – професор по физичко и здравствено образование
После конференцијата се одржа и првиот состанок на новиот Извршен Одбор на ОО СДСМ Кавадарци на кој беше избран нов Секретар на ОО СДСМ Кавадарци. За Секретар е избрана Елена Данева (дипломиран економист). Елена Данева е долгогодишен член на СДСМ Кавадарци и активна во Форумот на жени при ОО СДСМ Кавадарци.
Исто така, на состанокот на Извршниот одбор, Сашко Петров беше избран за координатор на прес центарот на ОО СДСМ Кавадарци.
На конференцијата присутен беше и новиот министер за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој ги најави новите проекти во земјоделието и одговораше на прашањата на присутните делегати.
Со новиот Извршен и Надзорен одбор, СДСМ Кавадарци, уште од утре започнува со активности помеѓу граѓаните на општина Кавадарци со цел промовирање на новите проекти и мерки на Владата предводена од СДСМ, како и собирање предлози и идеи за подобрување на работата на министерствата и сите административни служби кои се под ингеренции на централната власт.