Да ја вратиме иднината на младите!
Младите се столбот и иднината на секоја држава. Нивните можности за развој, креативност, работа и творење мора да бидат целосно подржани и поттикнати. Нивната перспектива, исто така, мора да биде подржана, како и нивните претприемачки идеи помогнати.
10 години власта на Дпмне се обидуваше од младите да создаде потчинети индивидуи кои здробени под машината на колективитетот требаше да бидат само ефтина работна рака за странските инвестиции. 10 години се обидуваа да го уништат достоинството на младиот човек. Токму затоа имаме стотици илјади млади луѓе кои заминаа во странство.
Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија се залага за слободоумна, достоинствена и финансиски независна младина. Веруваме во прогресивната моќ на младиот човек, во неговата независност и потенцијал да го промени општеството на подобро.