Опис на проектот:
Моментално состојбата со улиците и булеварите во Кавадарци е катастрофална. Некои улици се целосно раскопани и непроодни. Граѓаните возејќи по такви улици значително ги оштетуваат своите возила, но исто така и безбедноста во сообраќајот е намалена. Најочигледен пример е Северниот булевар, кој е главна сообраќајна артерија и обиколница на Кавадарци. Тој е целосно уништен, и е често пати непрооден, особено во зима или кога врне дожд.
Покрај реконтрукцијата на влезовите, потребна е и замена на асфалтот на главните улици во градот, но и периферијата, кој е поради забот на времето значително оштетен. Сметаме дека со овој зафат значително би се подобрила патната инфраструктура во Кавадарци и би се олеснило движењето на возилата. Кавадарци како индустрииски град заслужува и мора да има добро средени улици и патишта. Понатаму ќе се асфалтираат и следниве улици: Смилица, Рајко Жинзифов, 25ти мај, Коле Неделковски (Глишиќ), Глигор Прличев, Брегалница, Плачковица, Црноречка, Галишка, Кузман Јосифовски Питу, Бабуна, Калница, Клинска, Брушанска и Праведничка.
Образложение на проектот:
Со реконструкцијата на улиците и булеварите во град Кавадарци би се олеснило движењето на возилата, би се зголемила ефикасноста и безбедноста на сообраќајот и би се намалиле оштетувањата на возилата на граѓаните.
Целна група:
Сите граѓани кои користат моторни возила.
Рок:
2021 година